Заур Дадаев го повлекува признанието за убиството на Немцов

Заур Дадев, осомничен за убиството на политичарот Борис Немцов, се изјасни за невин, пренесува „ТАСС“.

Заур Дадев, осомничен за убиството на политичарот Борис Немцов, се изјасни за невин, пренесува „ТАСС“.  

„Тие викаа: „Ти ли го уби Немцов?“ Јас им кажував дека не го убив. Мислев дека ќе ме донесат во Москва и дека ќе му ја кажам на судот вистината за мојата невиност. Но, судијата не ми даде шанса да зборувам“ ги цитира зборовите на Дадаев весникот „Московски комсомолец“ на својата веб-локација.  

Тој изјави дека има сведок кој би можел да потврди дека не учествувал во убиството.

Дадаев го призна своето учество во убиството на Немцов на 8 март, изјави судијата Наталија Мушникова додека го читаше налогот за неговото апсење. Самиот Дадаев во судот не го коментираше своето учество во делото, само побара судот да биде справедлив. 


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.