Поранешен руски премиер ги поддржува санкциите против Русија

Поранешниот премиер на РФ, копретседател на опозициската партија РПР-ПАРНАС Михаил Касјанов го смета за правилно воведувањето на санкциите против Русија, пренесува РИА „Новости“.

Поранешниот премиер на РФ, копретседател на опозициската партија РПР-ПАРНАС Михаил Касјанов го смета за правилно воведувањето на санкциите против Русија.

„Ние, руските демократи, во целост го поддржуваме тоа“, рече тој, настапувајќи во Европскиот парламент“, пренесува РИА „Новости“.  

„И јас ве повикувам да воведете поголеми санкции против одделни лица“, додаде Касјанов.

Истовремено тој го искажа мислењето дека новите економски санкции не би биле соодветни сега, кога се појави надеж за реализација на Минската спогодба за Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.