Нуланд виде во Крим „царство на теророт“

Република Крим и истокот на Украина живеат во „царството на теророт“, изјави заменикот-државен секретар на САД Викторија Нуланд, пренесува BBCRussian.com.

Република Крим и истокот на Украина живеат во „царството на теророт“, изјави заменикот-државен секретар на САД Викторија Нуланд, настапувајќи во Комитетот за меѓународни односи в Сенатот на САД, пренесува BBCRussian.com.

„Иако Украина гради мирна, демократска и независна држава на 93% од својата територија, Крим и делови од Источна Украина страдаат во царството на теророт“, смета Нуланд.  

Кримските Татари и Украинците кои одбија да ги предадат своите пасоши, сексуалните малцинства, новинарите – тие и многу други категории на населението „живеат во постојан страв од казнување“, убедена е заменикот-државен секретар.

Претходно Нуланд тврдеше дека во Украина се наоѓаат „илјадници и илјадници“ војници од Русија и ја обвинуваше Москва за испорака на тешко вооружување за бунтовниците. Притоа не беа презентирани докази за тоа, а меѓународните инспекции не регистрираа никакви нарушувања од страна на Русија на границата со Украина,  вклучително и ненајавени воени активности. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња