МНР РФ: Русија има право да распореди нуклеарно оружје на Крим

Русија има право да размести нуклеарно оружје на целата своја територија, вклучително и на Крим, изјави денеска директорот на одделот за нераспространување и контрола на вооружувањето на руското МНР Михаил Улјанов, пренесува ТАСС.

Русија има право да размести нуклеарно оружје на целата своја територија, вклучително и на Крим, изјави денеска директорот на одделот за  нераспространување и контрола на вооружувањето на руското МНР Михаил Улјанов.

„Во принцип, поаѓаме од тоа дека такво право имаме. Макар што Киев смета поинаку “,  ги цитира неговите зборови „ТАСС“. Висок руски дипломат потенцираше дека не знае ни за присуство на нуклеарно оружје на Крим, ниту за планови за негово распоредување.

„Во моментов ништо не ми е познато за присуство на нуклеарно оружје на Крим, за плановите за негово распоредување исто така ништо не знам“, изјави Улјанов.

Директорот исто така искажа мислење дека активностите на САД во денешно време ја поткопуваат стратешката стабилност и ги прават проблематични понатамошните чекори во сферата на нуклеарното разоружување.  

„Ја имам предвид, пред сѐ, антиракетната одбрана“, објасни дипломатот. Освен тоа, станува збор за ситуацијата со Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестирања и блокирањето од страна на Американците на секоја работа за спречување на распоредување оружје во вселената, објасни Улјанов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.