Медиуми: Меркел нема да оди во Москва за Парадата на Победата на 9 мај

Канцеларката на Германија Ангела Меркел нема да присуствува на свеченостите во Москва на 9 мај по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, соопшти денеска весникот „Цајт“ (Zeit).

Канцеларката на Германија Ангела Меркел нема да присуствува на свеченостите во Москва на 9 мај по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна. Како што соопшти денеска весникот „Цајт“ (Zeit), шефицата на владата смета дека сега нема можност за нејзино присуство на Парадата на Црвениот плоштад.

Засега нема официјална потврда на оваа информација.

Русија испрати покани за свеченостите во Москва на 9 мај до шефовите на многу странски држави, меѓу кои се земјите на ЗНД, БРИКС, ШОС, ЕУ, државите-членки на антихитлеровската коалиција, раководители на меѓународни и регионални организации. Околу дваесетина раководители го потврдија своето учество на празнувањата. Меѓу нив се претседателот на Виетнам Чон Тан Шанг и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун. Се очекува присуство и на претседателот на Израел Реувен Ривлин.

Исто така, Атинската информативна агенција (АНА) претходно соопшти дека грчкиот премиер Алексис Ципрас има намера да го посети рускиот главен град во текот на празнувањето на Денот на Победата на 9 мај.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.