Експерт: САД ја слабеат Европа, попречувајќи го нејзиното партнерство со Русија

САД се стремат да доминираат во Европа, попречувајќи ги земјите од континентот да ги одржуваат врските со Русија, изјави експертот по меѓународно право Анри Тампл во интервју со sputniknews.fr.

САД се стремат да доминираат во Европа, попречувајќи ги земјите од континентот да ги одржуваат врските со Русија, изјави експертот по меѓународно право Анри Тампл во интервју за sputniknews.fr.

„САД не сакаат да видат силна, просперитетна, обединета Европа која има партнерски однос со Русија“, вели Темпл, истакнувајќи дека таква Европа би станала страшен конкурент на САД.

Според него, САД со секоја шанса се обидуваат да ја поделат Европа, да ја ослабат или да ја затворат во рамките на организации како НАТО, СТО, ММФ, наменети за манипулација со неа. „Вашингтон се обидува да доминира со Европа де јуре и де факто, како и преку свои канали да инсталира свои раководители и своја „елита“, смета експертот.

Како резултат на тоа, според Тампл, неприлагодената валута, неконтролираното отворање на границите, грабањето на власта од страна на Брисел ја водат Европа кон деиндустријализација и невработеност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.