Аналитичар на „Фокс Њуз“ повика да се спаси Украина со „убивање колку што е можно повеќе“ Руси

Aналитичарот на „Фокс Њуз“ Роберт Скејлс изјави дека единствен начин да се прекрши настанатата ситуација во Украина ќе биде одлуката на САД да му се помогне на Киев да убие колку што е можно повеќе руски војници кои наводно „се вкопале на територијата на Украина“, пренесува „Русија Денес“ (Russia Today).

Воениот аналитичар на „Фокс Њуз“, пензионираниот генерал-мајор на Армијата на САД Роберт Скејлс изјави дека единствен начин, според неговото мислење, да се прекрши настанатата ситуација во Украина ќе биде одлуката на САД да му се помогне на Киев да уништи колку што е можно повеќе руски војници кои наводно „се вкопале на територијата на Украина“.

Коментирајќи ја информацијата дека три илјади американски војници ќе бидат распоредени во Источна Европа, Скејлс изјави дека „тоа нема да даде никаков ефект“, затоа што во Украина наводно веќе „сѐ е решено“.

„Единствен начин со кој САД можат да имаат некакво влијание во регионот и да го сменат текот на настаните е да почнат да убиваат Руси. Да убиваат толку многу Руси што дури ни Путиновите медиуми да не можат да го скријат фактот дека тие се враќаат во татковината во вреќи за трупови“, додаде тој, пренесува „Русија денес“ (Russia Today).

„Сепак, имајќи го предвид степенот на поддршка што ние ѝ ја даваме на Украиниците и можноста на самите Украинци да организираат контранапад против 12 илјади руски војници вкопани на нивната територија, за жал, малку е веројатно дека тоа ќесе случи“, изјави Скејлс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња