Русија во Донбас спречи да се развие балканското сценарио од 1999 година, изјавија во Думата

Благодарение на принципиелната позиција на Русија во Донбас фактички беше спречено балканското сценарио од 1999 година, изјави првиот заменик-раководител на фракцијата „Единствена Русија“ во Државната дума и член на нејзиниот комитет за одбрана, Франц Клинцевич, пренесува ТАСС.

Благодарение на принципиелната позиција на Русија во Донбас фактички беше спречено балканското сценарио од 1999 година, изјави за новинарите првиот заменик-раководител на фракцијата „Единствена Русија“ во Државната дума и член на нејзиниот комитет за одбрана, Франц Клинцевич, пренесува ТАСС.

Тоа беше неговиот коментар за вчерашната изјава во Советот за безбедност на високиот претставник за меѓународни работи и безбедност Федерика Могерини дека тоа, што се случува во Украина е „најлошата криза во Европа од времето на Балканските војни“.

„Можеше да биде полошо, многу полошо отколку на Балканот, смета Клинцевич. – Да не беше Русија, нејзината принципиелна позиција, ќе се повтореше апсолутно истото сценарио од 1999 година, кога војските на НАТО без било каков мандат од ООН се нафрлија со сета своја сила врз Југославија“.

Според мислењето на политичарот, слични дејствија на НАТО би ја довеле меѓународната заедница до „голема војна“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња