Рогозин: На тој што ќе украде макар и една рубља, ќе му ја скинам главата

Вицепремиерот Дмитриј Рогозин вети дека лично и цврсто ќе го контролира трошењето на средствата за изградба на космодромот „Восточни“, пренесува РИА „Новости“.

Вицепремиерот Дмитриј Рогозин вети дека лично и цврсто ќе го контролира трошењето на средствата за изградба на космодромот „Восточни“.

„Нема да дозволам саботажа. Главата ќе му ја скинам на тој што ќе украде макар и една рубља на космодромот „Восточни“. Тој што ќе украде, ќе лежи, ветувам, изјави денеска Рогозин пред новинарите, пренесува РИА „Новости“.

 Космодромот „Восточни“ се гради недалеку од селото Углегорск во Приамурјето; првото лансирање на ракета-носител се планира за оваа година, првото лансирање на вселенски брод со човечки екипаж – за 2018 година. Градежните работи треба да бидат завршени до 30 ноември 2015 година. Градежниците повеќепати информираа дека според распоредот за одделни објекти заостануваат до два месеца, уверувајќи дека ќе го  надминат тоа во рамките на оперативните рокови.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња