Нуланд ја обвини Русија за испорака на оружје за бунтовниците во Донбас

Помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Викторија Нуланд повторно ја обвини Русија за испорака на тешко вооружување за бунтовниците во Донбас, пренесува РИА „Новости“.

„Можеме да потврдиме дека последниве денови имаше нови испораки на руски тенкови, оклопни возила, тешка артилерија и ракетно оружје преку границата за сепаратистите на истокот на Украина“, изјави Нуланд во Сенатот на САД, пренесува РИА „Новости“.

Таа исто така изјави дека САД и ЕУ разгледуваат нови санкции против Русија.

„САД заедно со нашите меѓународни партнери ќе почнат да ги повлекуваат санкциите против Русија, но само кога Минската спогодба ќе биде во целост реализирана. И обратното е веројатно: ако не биде реализирана, ќе има дополнителни санкции и ние веќе ги почнавме консултациите со нашите европски партнери за влијанието на дополнителните санкции доколку Русија продолжи да го разгорува огнот на истокот или во друг дел од Украина, не ја исполни Минската спогодба или заземе поголема територија, како што беше во Дебаљцево по потпишувањето на договорот за имплементација“, изјави Нуланд.

Истовремено Москва многупати има изјавено дека не учествува во настаните на југоистокот на Украина, не претставува страна во внатрешниот украински конфликт и е заинтересирана Украина да ја надмине политичката и економска криза. Во Москва истакнуваат дека сите обвинувања на нејзина адреса се неосновани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња