Долгов: Не треба да се ограничува правото на народите да избираат модел на државно уредување

Специјалниот пратеник на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов го повика Западот да не го ограничува правото на народите да избираат модел на државно уредување, пренесува ТАСС.

Специјалниот пратеник на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов ги повика западните партнери да не го ограничуваат правото на народите да избираат модел на државно уредување, пренесува ТАСС.

„Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Вашингтон изјави дека „нашите противници“ ги напаѓаат „нашите фундаментални вредности и либералната демократија“, напиша Долгов на својот Твитер-профил. – Првин треба да се објасни што е тоа „либерална демократија“ и каде постои таа. Сигурно не во САД и Полска! А надвор од Запад никогаш не ни постоела“.

 „Не постојат две идентични демократии, либерална и не многу либерална, истакна рускиот дипломат. - Така што не треба да се ограничува правото на народите да си избираат модел на своето државно уредување“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња