Туск: Европа засега не е подготвена за засилување на санкциите

Европа засега не е подготвена за засилување на санкциите против Русија, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во интервју за весникот „Њујорк Тајмс“ објавено во неделата, пренесува ТАСС.

Европа засега не е подготвена за засилување на санкциите против Русија. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во интервју за весникот „Њујорк Тајмс“ објавено во неделата, пренесува ТАСС.

Според него, сега е „невозможно“ да се постигне согласност за ова прашање меѓу земјите-членки на ЕУ.

Туск истакна дека „некои политичари во Европа сѐ уште се надеваат“ дека Русија ќе ја смени својата позиција во однос на Украина. Истовремено тој изјави дека самиот е „повеќе скептичен“.

Според зборовите на Туск, во врска со карактеристиките на своето функционирање  ЕУ не може да донесува одлуки во врска со Русија толку брзо колку што би сакал Вашингтон. „Постигнувањето консензус меѓу 28 демократии е многу сложен процес“, наведе шефот на Европскиот совет.

Туск исто така истакна дека донесената Минска спогодба за Украина не довела до целосно решавање на конфликтот на истокот на Украина, но сепак „ја подобри ситуацијата“.

Денес Туск во Вашингтон ќе има разговори со претседателот на САД Барак Обама, со кого, меѓу другото, ќе дискутира и за ситуацијата во Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.