Русија го задржа во 2014 година второто место во светот, по САД, според обемот на извоз на оружје, меѓутоа оваа година тој показател ќе се намали. Овие информации се наоѓаат во извештајот на меѓународната компанија за консалтинг „Ај-Ејч-Ес“ (IHS), со седиште во американската држава Колорадо, пишува ТАСС.
Според нејзините податоци, извозот на руско оружје минатата година достигнал 10 милијарди долари, што е за 9% повеќе од 2013 година. Главните испораки на руско оружје и воена техника во 2014 година биле за Кина (2,3 милијарди долари), Индија (1,7 милијарди долари), Венецуела и Виетнам (по 1 милијарда).
Аналитичарите на компанијата предупредуваат, имајќи ги предвид падот на цената на нафтата и негативното влијание на меѓународните санкции, за руските извозници можат да настапат тешки времиња. „За 2015 година се прогнозира пад на извозот, затоа што најголемите програми се при крај и таа тенденција може да се засили поради санкциите“, се вели во извештајот.
Првите десет светски извозници на оружје во 2014 се: САД, Русија, Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Израел, Кина, Шпанија, Канада.
Листата на најголемите увозници на оружје во светот за 2014 година се: Саудиска Арабија, Индија, Кина, ОАЕ, Австралија, Јужна Кореја, Индонезија, Турција, Пакистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче