Путин го потпиша законот за ратификација на Договорот за Банката за развој на БРИКС

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на договорот за новата Банка за развој на БРИКС, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на договорот за новата Банка за развој на БРИКС. Документот се наоѓа на официјалната веб-локација за правни информации, пренесува РИА „Новости“.

Државната Дума го ратифицира договорот за формирање Банка за развој на БРИКС на 20 февруари оваа година.  

Договорот за формирање на банката беше потпишан во јуни 2014 година во бразилскиот град Форталеза. Банката ќе боде една од најголемите мултилатерални институции за развој со почетен капитал од 100 милијарди долари. Банката се формира за финансирање на инфраструктурни проекти во државите од БРИКС и земјите во развој. Спикерот на Државната дума претходно изјави дека банката ќе финансира крупни инфраструктуни и иновациски проекти ширум светот.

Летово во Уфа ќе се одржи првиот состанок на советот на директори на БРИКС на кој ќе бидат донесени одлуки за кандидатура на претседател и заменик-претседател на банката на БРИКС. Министерството за финансии смета дека Банката за развој на БРИКС ќе почне да функционира при крајот на 2015 година, а ќе биде потполно оперативна за четири-пет години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња