МО РФ: САД и Чешка ќе вршат инспекција на територијата на Русија од воздух

Воени инспектори на САД и Чешка ќе извршат набљудувачки лет над територијата на Руската Федерација во рамките на договорот за отворено небо, соопшти Државниот центар за намалување на нуклеарната опасност, а пренесува ТАСС.

Воени инспектори на САД и Чешка ќе извршат набљудувачки лет над територијата на Руската Федерација во рамките на договорот за отворено небо. Ова го соопшти началникот на Државниот центар за намалување на нуклеарната опасност Сергеј Рижков, пренесува ТАСС.

Договорот за отворено небо дава можност за собирање информации за вооружените сили и активностите кои предизвикуваат загриженост кај неговите потписници. Во моментов членки на договорот се 34 држави.

„Во периодот од 9 до 14 март во рамките на реализацијата на меѓународниот Договор за отворено небо заедничка мисија на САД и Чешка ќе извршат набљудувачки лет над територијата на Руската федерација со изјави Рижков.

Во текот на инспекцијата руските специјалисти во авионот ќе ги контролираат строгото почитување на параметрите на летот според усогласената маршрута и примената  на апаратурата предвидена со Договорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња