Канцеларката на Германија Ангела Меркел која се наоѓа во официјална посета на Јапонија, повика на задржување на санкциите против Русија во врска со ситуацијата во Украина, но ја призна неопходноста од барање патишта за дипломатски дијалог, соопштува агенцијата „Киодо“, а пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, Меркел се заложи за реформа на Советот за безбедност на ООН и ја истакна важноста на напорите и соработката со Јапонија и Бразил, особено во делот на борбата со меѓународниот тероризам.
Денес Меркел ќе се сретне со премиерот на Јапонија Шинџо Абе со кого ќе ги дискутира прашањата за партнерството во рамките на Г-7, ситуацијата во Украина, антитерористичките мерки, соработката во регионалните прашања во Источна Азија и на Блискиот Исток. Исто така ќе бидат разгледани начините за соработка на двете земји во рамките на Г-7 во однос на Русија во врска со ситуацијата во Украина.
Како што сметаат аналитичарите во Јапонија, позициите на Берлин и Токио се блиски поради потребата, останувајќи член на Г-7, во исто време да се избегне остра конфронтација со Русија. Германија ја врзуваат со РФ тесни економски врски и таканаречената енергетска зависност. Јапонија пак не сака да ги расипе односите со Русија поради потребата од склучување мировен договор и решавање на територијалните проблеми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче