Индија е спремна да вложи во заеднички проект со Русија за производство на авион-ловец од 5 генерација (Fifth Generation Fighter Aircraft, FGFA) $25 милијарди и планира да вклучи 127 такви авиони во своето вооружување, пренесува ТАСС.
Ова го соопшти весникот „Тајмс оф Индија“ (Times of India) денеска повикувајќи се на раководството на Министерството за одбрана на Индија.
Досега, како што истакнува весникот, „судбината на дефинитивниот договор за FGFA зависеше по завршувањето на првата етапа од работата на потпишаниот во декември 2010 година нацрт-проект во вредност од $259 милиони".
Во моментов министерсвото се стреми да ја форсира работата над руско-индискиот проект, што изворот директно го поврзува со можното откажување од зделката за испорака на 126 авиони Рафал на францускиот производител Дасо за Воздухопловните сили на Индија.
Истовремено, „Њу Делхи би сакал значително да ја забрза работата на проектот FGFA и да ги стави во вооружувањето првите авиони не за 94 месеци, како што беше претходно договорено, туку за година и половина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче