Европскиот парламент ќе дискутира за состојбата со демократијата во Русија

За состојбата со демократијата во Русија ќе се разговара во Европскиот парламент в среда, 11 март, соопшти прес-службата на Европскиот парламент, а пренесува ТАСС.

Состојбата со демократијата во Русија ќе биде една од главните теми на пленарната седница на Европскиот парламент што ќе се одржи в среда, 11 март, соопшти прес-службата на Европскиот парламент, а пренесува ТАСС.

„Пратениците в среда попладне со учество на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ќе го разгледаат убиството а рускиот опозициски лидер Борис Немцов и општата состојба со демократијата“, се наведува во соопштението.

„Народните претставници најверојатно ќе ја осудат одлуката да се забрани влез во Русија на европската пратеничка Сандра Калниете (од Летонија, член на најголемата Европска народна партија) која сакаше да присуствува на погребот на Немцов“, се наведува во соопштението.

Во Стразбур истакнаа дека по дискусијата пратениците ќе усвојат резолуција. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц веќе изрази надеж дека Москва ќе спроведе „детална независна истрага“ за убиството на Немцов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња