Русија се надева дека Европската унија ќе се спаси од влијанието на „антируски настроените маргиналци“, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин, пренесува РИА „Новости“.
„Ние сме заинтересирани за потполна соработка со Брисел, но тоа треба да се случува исклучително на рамноправна основа со земање предвид на интересите и грижите на другиот“, изјави Чуркин за соработката со Европската унија на заседанието на Советот за безбедност.
„Се надеваме дека ЕУ ќе се спаси од прекумерното влијание на антируски настроените маргиналци во својата средина“, рече тој.
Рускиот дипломат рече дека во моментов односите меѓу Русија и ЕУ се подложни на сериозни искушенија, меѓутоа изјави дека Русија е спремна да продолжи со соработката со сите членки на ЕУ „за широк спектар на прашања каде нашите интереси се совпаѓаат“.
Како сфери во кои останува соработката на Москва и Брисел, тој ги наброја борбата со тероризмот, религиозниот екстремизам, пиратеријата, трговијата со дрога, прекуграничниот криминал, илегалната имиграција, борбата против болата, како и процесот за решавање на Блискиот Исток, решавањето на ситуацијата во Либија и иранската нуклеарна програма.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче