Трговската размена меѓу Кина и Русија во 2015 година ќе достигне 100 милијарди долари

Обемот на трговската размена меѓу Кина и Русија во 2015 година би требало да достигне 100 милијарди долари, изјави денес на прес-конференција во Пекинг министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји.

Обемот на трговската размена меѓу Кина и Русија во 2015 година би требало да достигне 100 милијарди долари, изјави денес на прес-конференција во Пекинг министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји.

„Ќе ги вложиме сите сили за да ја постигнеме целта од 100 милијарди долари во билатералната трговска размена. Ќе потпишеме договор за соработка во реонот на економската зона на Патот на свилата, изјави министерот. Изјавата ја пренесува РИА „Новости“.

Ванг Ји ја искажа подготвеноста на Кина да потпише во 2015 година Договор за западната траса за испорака на гас од РФ, да започне со изградбата на источната траса, како и да ја продолжи соработката во сферата на производството на патнички авиони со голем радиус на летање и во сферата на изградба на супербрзи железници. „Исто така ќе ја развиваме и продлабочуваме соработката во финансиско-банкарската сфера, во областа на нуклеарната енергија и нафтените наоѓалишта“, додаде кинескиот министер за надворешни работи.  

„Кинеско-руските односи не се подложни на влијанието на светските потреси, не се насочени против трети земји и се одликуваат со силна заемна доверба и стабилност“, изјави Ванг Ји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња