Русија и Куба се единствени во ставот дека конфликтите на Блискиот Исток и во Северна Африка треба да се решаваат исклучително врз основа на меѓународното право и Повелбата на ООН, информираа од МНР РФ по завршувањето на средбата во Хавана на специјалниот пратеник на претседателот на РФ за тој регион, заменик-министерот за надворешни работи Михаил Богданов со заменик-министерот за надворешни работи на Куба Ана Тересита Гонзалес Фрага, пренесува ТАСС.
„Основно внимание беше посветено на дискусијата за ситуацијата на Блискиот Исток и во Северна Африка со осврт на перспективите за унапредување на палестинско-израелското решение, ситуацијата во Сирија, Ирак, Либија, Јемен, задачата за спротивставување на терористичката закана што потекнува од тој регион“, истакнаа од руското министерство.
Притоа беа потврдени позициите на Русија и Куба, базирани врз „неопходноста од барање решение за конфликтите на Блискиот Исток и во Африка исклучително врз основа на општоприфатените норми на меѓународното право и Повелбата на ООН“.
Исто така, беше потенцирана и актуелноста на продолжувањето на тесната соработка и координација на постапките на Русија и Куба во рамките на ООН, како и за соодветната проблематика на Движењето на неврзаните“, додадоа од Министерството за надворешни работи на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче