Русија може да претставува сериозна закана за безбедноста на Европа, меѓутоа ЕУ треба да води дијалог со Москва. Ова е дел од статијата на шефицата на дипломатијата на Шведска Маргот Валстром, објавена во весникот „Свенска Дагбладет“ (Svenska Dagbladet).
„Чувствувам длабока загриженост по повод настаните во Русија. Оваа важна соседна земја има голем потенцијал и би можела да стане во многу сфери важен партнер на Шведска и ЕУ. Место тоа имаме спротивна реалност. Гледаме современо руско општество во кое сега замолкна гласот на Борис Немцов. Во надворешната арена гледаме растечка конфронтација меѓу Русија и Европа и САД која, меѓу другото, стана основа за агресија против Украина“, изјави Валстром.
ЕУ, вклучувајќи ја и Шведска, како што смета министерката, треба во однос на Русија да води тврда политика, комбинирана со дијалог. Одраз на првото, според зборовите на Валстром, се санкциите, на второто – спогодбата во Минск. „Ние поддржуваме дијалог за она што нѐ вознемирува, а нас, како и претходно, нѐ обединува тоа, што ние стануваме соседи“, истакна шефицата на дипломатијата на Шведска.
„Ние сакаме да воспоставиме поредок за да одговориме на сериозните предизвици за европските мир и безбедност“, потенцираше Валстром.
Министерката исто така соопшти дека Шведска до 2020 година ќе ѝ даде на Украина 1,5 милијарди круни (150 милиони евра) за спроведување реформи. Покрај тоа, Стокхолм ќе помага во работата на мониторинг-мисијата на ОБСЕ во Донбас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче