Медиуми: Русија ѝ се враќа на геополитиката базирана на поморска моќ

Модернизацијата на Тихоокеанската флота е еден од најважните правци во работата на Русија во ширењето на поморското присуство ширум целиот свет, пишува „Дипломат“ (The Diplomat).

Модернизацијата на Тихоокеанската флота е еден од најважните правци во работата на Русија во ширењето на поморското присуство ширум целиот свет, пишува „Дипломат“ (The Diplomat).

„За Русија, како и за Кина, политиката на САД во Азиско-Тихоокеанскиот регион и во Источна Азија има карактер на фундаментална закана. Русија, исто како и Кина, има територијални спорови со Јапонија. Исто така Русија е клучниот играч во геополитиката на Корејскиот полуостров кој има  свои интереси“, се истакнува во изданието.

Важна улога во поморската политика на Руската Федерација игра Тихоокеанската флота чии бродови и бази ќе бидат вклучени во арктичките програми, во мисии против пиратите во зоната на Рогот на Африка и во воените вежби на ВМС на Русија и Кина, пишува изданието.

Москва го зголемува обемот на инвестиции во Тихоокеанската флота во рамките на општата програма за модернизација, истакнува магазинот. Со тоа Русија покажува дека има намера да ѝ се врати на класичната геополитика базирана на поморска моќ, пишува „Дипломат“. Морската експанзија, како и модернизацијата на Тихоокеанската флота, претставува демонстрација на плановите и работата на Русија во тој правец. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња