Медиуми: Доколку ја избере Русија, Европа ќе се спаси од диктатурата на САД

Доколку ја избере Русија, Европа ќе се спаси од диктатурата на САД, пишува канадското издание на „Глобал Рисрч“ (Global Research).

Пред Европа е сериозен избор. Таа ќе треба да избере кого ќе поддржува: САД или Русија. Доколку ја избере втората опција, Европејците ќе можат да се спасат од диктатурата на Вашингтон врз континентот, пишува канадското издание на „Глобал Рисрч“ (Global Research).

Од гледна точка на магазинот, неодамнешните објави во германските медиуми за незадоволството на Германија од стратегијата на НАТО насочена против Русија, покажуваат дека Европа, очигледно, сѐ повеќе се оддалечува од гледиштето на Вашингтон во врска со украинските настани.

На тој начин, изборот на Европа меѓу САД и Русија претставува „важно стратешко прашање на нашето време“.

Доколку ги изберат САД, Европејците ќе станат слуги на американската аристократија, чии претставници, според канадското издание, и сега владеат со Украина. Доколку пак Европејците ја изберат Русија, тогаш никаква аристократија нема да може да го наметнува своето мислење со владеењето на Европа, истакнува „Глобал Рисрч“. Токму во вториот случај, пишува магазинот, Европа ќе направи избор во полза на мирот и демократијата.

Изданието изразува надеж дека изборот ќе биде направен токму во полза на Русија и претпоставува дека уморната од американската диктатура Европа ќе им покаже на Украинците дека „ѝ е доста од фашизам".

„Глобал Рисрч“ потенцира дека во моментов Барак Обама продолжува да води политика на ослабување на Русија, иако притоа игра улога на „добар полицаец“: фактички тој е потајно ист „јастреб“ како и оние американски политичари кои го повикуваат да испрати оружје за Украина, смета канадскиот магазин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.