Јункер: Европска армија како потсетување за Русија

За Европската унија е потребно да создаде сопствена армија како инструмент за одбрана на интересите на Европа, рече претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во интервјуто објавено денеска во германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag), пренесува ТАСС.

За Европската унија е потребно да создаде сопствена армија како инструмент за одбрана на интересите на Европа. Ваквото гледиште го изрази денес претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во интервјуто објавено денеска во германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag), пренесува  ТАСС.

„Заедничка европска армија би му покажала на светот дека меѓу земјите-членки на ЕУ никогаш повеќе нема да има војна. Таквата армија би ни помогнала да ја реализираме заедничката надворешна политика и политиката на безбедност, да ја осознаеме одговорноста на Европа во светот“, рече тој.

ЕУ, имајќи своја армија, ќе може да реагира на заканите врз државите-членки на заедницата или врз соседните земји, убеден е Јункер. „Армијата на ЕУ не е потребна за веднаш да почне да дејствува, туку да ја потсети Русија дека ние се однесуваме сериозно кон одбраната на вредностите на Европската унија“, додаде претседателот на Европската комисија.

Истовремено НАТО, според неговото мислење, не е соодветна структура за тоа. „Сите членки на Алијансата не се членки на Европската унија“. И тука не станува збор за конкуренција (со Северноатлантскиот пакт), туку за тоа, да ја направиме Европа посилна“, изјави Јункер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња