Аналитичар: Путин покажа доволно трпение за „немиот, глув и слеп“ Запад

Претседателот на РФ Владимир Путин покажа доволно трпение за постапките на Запад насочени против Русија, смета американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс.

Претседателот на РФ Владимир Путин покажа доволно трпение за постапките на Запад насочени против Русија, смета американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс.

Тој тврди дека агресивната надворешна политика на САД хипотетички може да се претвори во воен конфликт со Русија и, можеби, со Кина.

„Путин беше трпелив со глувиот, нем и слеп Запад“, пишува Робертс на својата официјална веб-страница.

Според мислењето на политикологот, рускиот претседател веќе изминативе неколку години, почнувајќи од познатиот „Минхенски говор“ на конференцијата за безбедност во 2007 година, ја брани позицијата дека политиката на Вашингтон и неговите „европски вазали“ против Русија и редица други земји „ја поткопува меѓународната стабилност“. Покрај тоа, како што истакнува Робертс, Путин јасно даде до знаење дека „Русија не ги споделува идеите на Вашнгтон и не е должна да ја исполнува волјата“ на САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња