Аналитичар: Апсурдно е да се зборува за руска инвазија на Украина

Тврдењата дека Русија „навлегла“ во Украина се совршено апсурдни, пишува аналитичарот Гари Бентам, пренесува РИА “Новости“.

Тврдењата дека Русија „навлегла“ во Украина се совршено апсурдни, пишува аналитичарот Гари Бентам, пренесува РИА “Новости“.

Според него, ниедна информација што доаѓа од Украина не укажува на руска “инвазија“ за која повремено пишуваат западните медиуми.

„Истите тие медиуми кои ги натераа сите да маршираат во војна со Ирак (...), кои повторно и повторно трпат неуспех, испраќајќи нѐ во војна со Иран, уште еднаш се трудат да ги убедат сите во заканата што неумоливо се надвиснува од правец на очекуваниот противник – Русија“, пишува тој.

Инвазијата на Украина би била во спротивност со рускиот Устав, истакнува Бентам. Доколку некои руски специјалци – како доброволци, така и наемници – и да учествувале во настаните во Украина, тогаш тие немале одобрение за тоа. Да се нарекуваат тие војници воена инвазија, тоа се глупости, смета аналитичарот.

Ако Русија навистина навлегла во Украина, си го поставува прашањето Бентам, зошто Киев не ги прекина дипломатските односи со неа и воопшто не се плаши од руското нуклеарно оружје или крстосувачките ракети кои можат за неколку минути да ги уништат сите Вооружени сили на Украина? 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња