Во Томск се прават еластични соларни батерии кои можат да се свиткаат во ролна

Научниците од Томскиот државен универзитет (ТДУ) работат на создавање нов вид соларни батерии кои можат да се свиткаат во ролна, соопштија од прес-службата на универзитетот, пренесува ТАСС.

Научниците од Томскиот државен универзитет (ТДУ) заедно со колеги од РАН работат на создавање нов вид соларни батерии кои можат да се свиткаат во ролна, да се стават во ранец и да се понесат со себе, соопштија од прес-службата на универзитетот, пренесува ТАСС.

Како основа за нив служат оксидни наноматеријали и нивните композити.  Растворите од кои се добиваат оксидните состави можат да се нанесат на секој еластичен носител: тенко стакло, ткаенина, метални и полимерни материјали. По запечувањето на површината на носителот се формира најтенка композитна покривка која има способност да ја трансформира сончевата светлина во електроенергија.

Особеноста на соларните батерии кои се прават во ТДУ се состои во тоа што тие, за разлика од силиконските, се значително полесни и поевтини. Уште една сериозна предност е способноста на сензибилизираните соларни елементи да генерираат електрична енергија дури и на облачно време. Што е многу актуелно во климатските услови на Сибир, каде јасни сончеви денови има многу малку, истакнаа од универзитетот.

Според раководителот на лабораторијата „Полифункционални амтеријали“, професорот Људмила Борило, технологијата дизајнирана во Томск може да се примени на различни полиња. „Еластичните соларни батерии можат да се понесат со себе, да се искористат за полнење на преносен компјутер или на мобилен телефон. Таков извор на електрична енергија е погоден за транспорт, може да се свитка во ролна и да се стави во ранец. Друга перспективна опција е создавање на  текстил кој има способност да генерира топлина од сончевата светлина. Облеката од таква ткаенина ќе биде лесна, но истовремено многу топла“, ги цитираше прес-службата зборовите на научникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња