Русинките ќе можат да служат на бродовите на ВМФ РФ од 2018 година

Жени-морнари ќе можат да служат на бродовите од 2018 година, соопшти за „Интерфакс“ извор од Главниот штаб на ВМФ РФ.

Жени-морнари ќе можат да служат на бродовите од 2018 година, соопшти за „Интерфакс“ извор од Главниот штаб на ВМФ РФ.

„Жени ќе можат да служат на површинските бродови на руската флота веќе од 2018 година. Ние сметаме дека до тој рок ќе бидат изградени нови бродови, на кои за нив ќе има предвидени прифатливи услови за живот", рече соговорникот.

Тој истакна дека не се разгледува можноста во најблиска иднина жени да служат на подморници.

Според него, први на бродовите ќе стапнат претставничките на медицинските специјалности, за врски и специјалисти за логистика кои искажале таква желба, кои се физички и психички способни за да бидат дел од екипажот и кои ја поминале обуката по специјални програми во Заедничкиот центар за обука на ВМФ.

Во иднина списокот со војници од женски пол на кои ќе им биде дозволено да служат на брод ќе се проширува, изрази убеденост офицерот.

Соговорникот на агенцијата објасни дека порано жени-војници не можеле да служат на бродовите на ВМФ РФ поради, пред сѐ, отсуството на соодветни услови за живот и историските преседани.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња