Министрите за надворешни работи на Русија и Германија Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер повикаа на донесување итна одлука за продолжување на мандатот на специјалната мисија за мониторинг (СММ) на ОБСЕ во Украина и зголемување на нејзината бројност до 1000 набљудувачи. Ова беше соопштено од руското министерство по одржувањето на телефонскиот разговорот меѓу двајцата шефови на дипломатите, пренесува ТАСС.
„Беше истакната потребата од продолжување и интензивирање на напорите на СММ ОБСЕ за обезбедување ефикасна контрола над овие процеси, вклучувајќи секојдневни извештаи со проценка на активностите на страните за почитување на своите обврски во согласност со Минската спогодба од 12 февруари, информираа од МНР РФ.
Министрите повикаа на донесување итна одлука на Постојаниот совет на ОБСЕ за продолжување на мандатот на СММ со зголемена бројност до 1000 набљудувачи и доделување на дополнителни технички и финаснисски ресурси
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче