Продолжување на санкциите не е на денешната агенда на шефовите на МНР ЕУ

Денес нема да се разговара за автоматско продолжување на санкциите на ЕУ против Русија на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Рига, изјави министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкјавичус, пренесува ТАСС.

Прашањето за автоматско продолжување на санкциите на ЕУ против Русија не е на денешната агенда на шефовите на МНР на земјите-членки на заедницата, пренесува ТАСС. Ова денес го изјави на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на 28 земји-членки на ЕУ во Рига министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкјавичус.

Одговарајќи на прашањето дали шефовите на дипломатиите имаат намера да донесат одлука за автоматско продолжување на санкциите во март, или тоа ќе биде направено во јули, Линкјавичус рече дека „таа одлука може да биде донесена попрво порано, отколку подоцна, но кога ќе дојде време“. „Ние нема да го дискутираме тоа прашање сега, тоа не е на денешната агенда. Ние едноставно ќе размениме мислења“, додаде тој.

„Ние немавме за цел да го решиме ова прашање, немаше таква дискусија насочена на резултат“, истакна Линкјавичус.

Притоа, според него, сите земји-членки на ЕУ се единствени по прашањето за воведување нови санкции во врска со Русија. „Засега сите се движиме во ист правец. Позицијата на Грција е особена“, изјави тој.

Москва многупати го искажуваше своето несогласување со политиката на санкции. Особено прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека таквиот притисок врз Русија нема да влијае Москва да не ја спроведува својата политика

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.