На Запад почнаа лошо да ги сфаќаат принципите на вистинската демократија, тврдејќи дека курсот на раководството на Русија не соодветствува на интересите на народот, изјави пратеникот на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов, пренесува ТАСС.
„Европарламентарецот Елмар Брок се изјасни во тој дух дека курсот на претседателот на Русија Владимир Путин не одговара на интересите на Русија и нејзиниот народ, напиша дипломатот на Твитер. - А што е со рејтингот на претседателот? Тој е речиси 90%.“
Според него, за таков рејтинг „не сонувал ниеден западен лидер“.
„Така што, кој ги дефинира интересите на Русија – Брок или нејзиниот народ?! Во некои кругови на Западот сосем лошо почнаа да ги сфаќаат принципите на вистинската демократија, а не џебната на истиот тој Запад!“, потенцираше Долгов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче