Коциас: Антируските санкции на ЕУ не се соодветни со наведените цели

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коциас изјави денес дека санкциите воведени од Европската унија против Русија не се соодветни со наведените цели, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коциас изјави денес дека санкциите воведени од Европската унија против Русија не се соодветни со наведените цели, пренесува РИА „Новости“.  

„Овие санкции, како што сметаме до ден-денес во ЕУ, предизвикаа значителни економски проблеми во ЕУ. За мене тоа има значење. Сепак тоа не е целта на санкциите“, рече Коциас на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ во Рига.

Според министерот, Грција има искуство од употреба на санкции, тоа искуство сведочи дека „не секоја санкција е конструктивна и може да биде успешна“. „Ние се залагаме за санкции кои ја принудуваат другата страна да седне на масата за преговори, но ние сме против санкции кои се воведуваат само поради гнев“, изјави Коциас.

„Во Европската унија наша цел е Русија да остане во рамките на Минската спогодба, да се реализира Минската спогодба. Ние го поддржуваме тоа во целост“, рече министерот.

Според него, Грција спаѓа во оние држави од ЕУ кои трпат најголеми загуби како резултат на воведените санкции. „Тие загуби треба да бидат надоместени и тоа нема врска со економската помош“, изјави Коциас.

Министерот исто така смета дека постојат „партнери во НАТО, големи и мали, кои имаат полза од санкциите“. Како пример Коциас ја наведе Турција. „Ние треба да дискутираме за тоа. Западниот свет треба заедно да победува, но и заедно да губи“, изјави министерот.

„Јас се чудам што во германските медиуми толку многу внимание му се посветува на воведувањето на санкциите, а воопшто не се забележува дека некои сојузници овие санкции едноставно не ги спроведуваат“, изјави Коциас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.