Изјавите на командантот на вооружените сили на НАТО во Европа генералот Филип Бридлав за присуство на единици на руските вооружени сили на истокот на Украина предизвикуваат збунетост во политичките кругови на Германија, пишува денеска германскиот неделен магазин „Шпигел“.
Бридлав пред новинарите во Вашингтон изјави дека „ситуациајта во Донбас очигледно се влошува од ден на ден“, затоа што таму се упатени „над илјада парчиња техника на армијата на РФ, системи за ПВО, артилериски дивизиони“, истакнува „Шпигел“.
„Германските политичари беа шокирани. Тие не разбираат за што зборуваше Бридлав. И тоа не беше првпат. Германската влада, базирајќи се на податоците од федералното разузнавање БНД, надворешното разузнавање, не го дели мислењето на командантот со здружените вооружени сили на НАТО во Европа“, се вели во статијата на „Шпигел“.
Изданието истакнува дека американскиот пристап кон ситуацијата во Украина е „веќе познат“, откако Бридлав во текот на последните месеци зборуваше за наводно руско присуство на истокот на Украина, префрлања на тенковски единици на границата. Притоа, истакнува „Шпигел“, бројката на руски војници во границите на РФ е значително помала отколку што изјавуваше Бридлав.
Според информациите на изданието, во владата на Германија ваквите изјави предизвикуваат загриженост. „Се обидуваат ли Американците да ги спречат европските обиди предводени од канцеларката Ангела Меркел?“ – пишува изданието, зборувајќи за Минската спогодба по постигнувањето прекин на огнот во Украина. Претставниците на кабинетот на канцеларката на Германија Ангела Меркел сметаат дека коментарите на Бридлав претставуваат „опасна пропаганда“, истакнува „Шпигел“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче