Кина сега има извонредна можност да ѝ помогне на Русија, која западна во тешка економска ситуација. Ако Кремљ им дозволи на кинеските компании да купуваат мнозински пакети акции во руската енергетика, тогаш не е далеку денот кога ќе имаме „Оска на Змејот и Мечката“, уверен e колумнистот на „Светски прашања“ (World Affairs), Гордон Чанг, пренесува РИА „Новости“.
Токму поради тоа, смета авторот, кинеската државна компанија за енергија купи од Русија големи количини нафта и гас, а владата на Кина предложи да се продолжи договорот за употреба на сопствените валути во меѓусебната трговија, што ѝ овозможи на Русија да обезбеди ликвидност.
Рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович јасно рече дека Москва е подготвена да им дозволи на кинеските акционери да купуваат повеќе од 50% од акциите на руските наоѓалишта на гас. Тој истакна дека ако претходно постоеше „психолошка бариера“, сега Русија е заинтересирана за максимум инвестиции“, пишува колумнистот.
„Веројатно е дека Пекинг ќе ѝ помага на Москва преку ШОС или БРИКС. А сето тоа укажува на спојување на економиите на двете земји“, пишува Чанг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.