Опозиционерот Алексеј Навални пуштен од притвор

Опозиционерот Алексеј Навални излезе од административниот притвор каде помина 15 дена за агитација во метро.

Опозиционерот Алексеј Навални излезе од административниот притвор каде помина 15 дена за агитација во метро. Политичарот вети дека ќе ја продолжи својата активност, без оглед на последните трагични настани.

По излегувањето, тој не сакаше да коментира за убиството на Борис Немцов, меѓутоа изјави дека веќе го кажал своето мислење во врска со тоа. Во вторникот на веб-локацијата на политичарот се појави негов текст каде стоеше следнава верзија: „Немцов беше убиен од членови на владина или провладина организација по наредба на политичкото раководство на земјата“. Денес Навални само вети дека тој и неговите соборци и понатаму ќе се борат против сегашната власт.

Според Навални, тој веројатно вечерва ќе појде на Троекуровските гробишта да го посети гробот на Борис Немцов. Судот не му дозволи да присуствува на погребот.

По пуштањето од притвор Навални ја коментираше на својот Твитер –профил веста дека влегол меѓу 30-те највлијателни луѓе на Интернет според магазинот Тајм.

„Последниве две недели јас, поточно, бев во топ-30 слушатели на „Радио Дача“. Тоа беше главната станица на нашата ќелија, сѐ друго беше со лош прием“, се пошегува политичарот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.