Нема бегства на инвеститорите од Русија поради санкциите

Нема бегства на европските инвеститори од Русија по воведувањето на санкциите против Русија, изјави за агенцијата „Спутинк“ претседателот на Руската агенција за инвестиции Јуриј Спиридонов.

Не се случија бегства на европските инвеститори од Русија по воведувањето на санкциите на Европската унија против Русија, изјави во интервју за агенцијата „Спутинк“ претседателот на Руската агенција за инвестиции Јуриј Спиридонов. 

„Не би рекол дека Европејците многу брзо си заминуваат од руските простори. Ние очекувавме во врска со санкциите да има брзи продажби, на пример, на хотелскиот бизнис. Но тоа се случува многу бавно, тие си заминуваат нерадо, ми се чини дека како и да исчекуваат нешто. Тие разбираат дека ги притискаат други инвеститори“, рече Спиридонов.

Според неговите зборови, во агенцијата за инвестиции „веќе се обратија неколку азиски фондови со конкретни предлози, во случај на напуштање на пазарот од страна на сериозните играчи, особено од хотелскиот бизнис, тогаш тие се подготвени да дискутираат за купување и влез на нашиот пазар“.

„Европејците ги користат сите можни начини, дури во Сингапур се отворени неколку специјални претставништва преку кои со Русија работат англиски, американски, канадски компании. Тие работат преку трети земји, преку азиските земји, но со свои пари“, изјави Спиридонов.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.