Киев се обидува да го забави повлекувањето на тешкото вооружување

Киев бара предлози за да го забави повлекувањето на тешкото вооружување од линијата на судир во Донбас, смета постојаниот претставник на РФ во ОБСЕ Андреј Келин, информира РИА „Новости“.

Киев бара предлози за да го забави повлекувањето на тешкото вооружување од линијата на судир во Донбас, смета постојаниот претставник на РФ во ОБСЕ Андреј Келин, информира РИА „Новости“.  

Украинските безбедносни сили на 26 февруари започнаа со првата етапа за повлекување на 100-милиметарските орудија „Рапира“ и топовите „Рута“. Втората етапа ја започнаа на 4 март со повлекување на самоодните хаубици „Акација", а од 5 март – системите „Град“. 

„Засега е нејасно кога ќе заврши повлекувањето. Ние, за жал, забележуваме на страната на владата на Украина колебање, барање предлози за вештачки да се одолжи распоредот предвиден со Минската спогодба. Ќе потсетам дека со рокот за завршување на повлекувањето е поврзан почетокот на политичкиот процес“, изјави Келин на заседанието на постојаниот совет на ОБСЕ. Говорот на Келин беше објавен денеска на веб-локацијата на МНР РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња