Доаѓањето на војници на САД во Украина може да се претвори во несреќа

Доаѓањето на американски војници во Украина може да се претвори во несреќа, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин, пренесува РИА „Новости“.

Доаѓањето на американски војници во Украина може да се претвори во несреќа, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин, пренесува РИА „Новости“.  

Тој истакна дека во американскиот конгрес се работи на закон за издвојување на 1 милијарда долари за опремување и обука на украинската војска.

„Според информациите што ги имаме, овие денови во Лавовската област се префрлуваат 300 војници на САД кои ќе ги обучуваат украинските војници во ракување со прекуокеанска техника“, изјави Чуркин на заседанието на Советот за безбедност на ООН.

„Цел свет знае: каде ќе се појават американски војници, таму се очекува несреќа“, истакна постојаниот преставник на Русија во ООН. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.