Во Кина почнува снимањето на „Виј 2“ со Џеки Чен

Режисерот Олег Степченко реши да сними продолжение на филмот „Виј 3Д“, под наслов „Виј 2: Патување во Кина“ со Џеки Чен во една од главните улоги.

По финансискиот успех на филмот „Виј 3Д“ кој заработи $35 милиони во Русија, режисерот Олег Степченко реши да сними продолжение.

Сценариото беше напишано во 2014 година, а дејствието на филмот ќе се одвива во Кина. Филмот ќе биде полн со каскадерски сцени и специјални ефекти. Главниот лик, англиски патник кој оди во Кина во 18 век за да направи мапа на Далечниот Исток на Русија, ќе се запознае со магионичари кои употребуваат различни природни елементи, па дури и со кралот на сите змејови, Лун Ванг.

Улогата на едниот од главните ликови ќе ја толкува легендарниот Џеки Чен. „Виј 2: Патување во Кина“ е планиран за прикажување во 2016.

Филмот Виј 3Д (2014) е фантастичен филм чие сценарио е напишано врз основа на расказот на Гогољ „Виј“.

За прва филмска адаптација на расказот се смета немиот филм снимен од Василиј Гончаров во 1909 година кој претставува прв хорор филм во Русија, иако копија од филмот не е зачувана.  

Верзијата од 1967 година на „Виј“ стана првиот домашен хорор филм. Го гледаа 32,6 милиони гледачи во СССР.  



Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.