Вицепремиерот на Бугарија Калфин: Во Европа нема алтернатива за рускиот гас

Бугарија не гледа алтернатива за испораката на руски гас во Европа, изјави денеска вицепремиерот на Бугарија Ивајло Калфин на средбата со претседателот на комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата Константин Косачев, пренесува ТАСС.

Бугарија не гледа алтернатива за испораката на руски гас во Европа. Ова денеска на средбата со претседателот на комитетот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата Константин Косачев го изјави вицепремиерот на Бугарија Ивајло Калфин, пренесува ТАСС.

„Сега Европа се обидува да ја ограничи испораката на руски гас, но во моментов за него нема алтернатива. Тоа не е само моја позиција, тоа е позицијата на владата на Бугарија: има смисла да се договориме заедно и да обезбедиме најповолна испорака на руски гас во Европа“, рече Калфин.

Вицепремиерот исто така истакна дека економијата на Бугарија трпи загуби од антируските санкции на Европската унија и од реципрочните мерки на РФ и дека ваквата ситуација не ѝ одговара на владата на земјата.

Истовремено тој потенцираше дека може да се зборува за крај на сложениот период во односите меѓу Русија и Европската унија само со решавање на ситуацијата на истокот на Украина. „Бугарија секогаш заземала и зазема, веројатно, не толку гласно, како некои други, позиција дека ситуацијата која создава тензии на истокот на Украина треба да биде решена и сите ние треба да учествуваме во тоа“, истакна Калфин.

Тој исто така особено истакна дека за Бугарија „Русија е многу важен партнер“, а „односот спрема Русија во Бугарија на ниво на обичните граѓани е многу топол, пријателски“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.