Тајните служби на САД сметаат дека Русија има „опасен“ киберпотенцијал

Русија е најспособниот противник на САД во киберпросторот, смета директорот на Националната служба за разузнавање на САД Џејмс Клепер, пишува „Дипломат“ (The Diplomat).

Русија е најспособниот противник на САД во киберпросторот, смета директорот на Националната служба за разузнавање на САД Џејмс Клепер, истакнувајќи дека според сложеноста и скришноста на кибернападите Русија ја надминала Кина, пишува „Дипломат“ (The Dplomat).

Во текот на презентацијата на извештајот „Меѓународна проценка на заканите за агенцијата за разузнавање на САД“ на состанокот на комитетот на Сенатот на САД за вооружени сили, директорот на националното разузнавање на САД истакна дека киберзаканите кои потекнуваат од Русија се посериозни од претходните проценки, пишува изданието.

Во извештајот се обрнува внимание на тоа дека Русија се издвоила во меѓународниот киберпростор како еден од најсложените национално-државни субјекти, а Министерството за одбрана на РФ активно работи на зајакнување на својата киберкоманда.

Според информациите на Националното разузнавање на САД, рускиот киберпотенцијал вклучува не само слични на американските технологии за напад врз непријателски командни системи и водење киберпропагандни операции, но и технологии за влијание врз системи за индустриска контрола, електрични мрежи, системи за управување со воздушен сообраќај, како и врз мрежите за дистрибуција на нафта и гас.

Експертите се согласуваат со мислењето дека САД  немаат апсолутно никаква претстава за реалните киберможности на Русија, затоа што долго време ја игнорирале потребата од следење на развојот на Русија во таа насока. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.