Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков им предложи на „Мекдоналдс“ и „Кока-Кола“ да ги поддржат санкциите на САД против Русија, и тоа на таков начин, што ќе ја спасат Русија од нивното производство, пренесува РИА „Новости“.
„А ќе сакаат ли Мекдоналдс и Кока-Кола да ги поддржат санкциите на Обама и да нѐ избават од нивното производство? Тие ќе им бидат верни на принципите, а ние – поздрави“, напиша тој на својот профил на Твитер.
Идејата на Пушков ја поддржа и пратеникот на Думата Леонид Слуцки.
„Кока-колата ќе ја замениме со квас, Ајфонот со Јотафон. Кога би можеле Холивуд да го замениме со Мосфилм, но тоа е веќе покомплицирано“, напиша Слуцки на својот Твитер-профил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче