На 8-ми март во Русија можно е да снема телевизиски и радиосигнал

На 8-ми март поради активностите на Сонцето во Русија може времено да снема телевизиски и радиосигнал, информираат од прес-службата на Руската телевизиска и радиодифузна мрежа (РТРС), пренесува ТАСС.

На 8-ми март поради активностите на Сонцето во Русија може времено да снема телевизиски и радиосигнал, информираат од прес-службата на Руската телевизиска и радиодифузна мрежа (РТРС), пренесува ТАСС.

„На меѓународниот ден на жените руските телевизиски гледачи и радиослушатели може да го изгубат сигналот за телевизиски и радио програми. Тоа ќе се случи затоа што настапува период на пролетна интерференција – појава кога Сонцето, сателитот за комуникации и приемната терестријална антена на предавателот ќе се најдат на иста линија, објаснија од прес-службата. - Сонцето е силен извор на радиосигнали откако ќе се најде точно зад сателитот за комуникации, го придушува телевизискиот и радиосигналот на емитерите на земјата“.

Од прес-службата истакнаа дека во периодот на интерференција на ТВ-екраните можат да се појавуваат едвај забележливи пречки, но на врвот на соларната интерференција  можни е и потполно губење на телевизискиот и радиосигнал.

„Периодот на пролетна интерференција се случува секоја година. Оваа година ќе трае од почетокот до средината на март“, додадоа од службата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња