Чижов: Русија никогаш не се стремела да забие клин меѓу земјите на ЕУ

Русија не се стреми да внесе раскол во ЕУ и НАТО, изјави постојаниот претставник на РФ во ЕУ Владимир Чижов, прнесува РИА „Новости“.

„Знаете, нашите овдешни (во Брисел) партнери, попрво опоненти, цело време се сомневаат, продолжуваат да се сомневаат дека Русија се обидува да забие клин меѓу земјите на ЕУ и, особено меѓу земјите-членки и европските структури.  Ние никогаш не сме се занимавале со тоа, ние сме подготвени да разговараме со секој кој е подготвен да нѐ слуша и да соработува“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на постојаниот претставник на РФ во ЕУ Владимир Чижов.

„Некои земји од ЕУ се подготвени за тоа повеќе, некои помалку“, додаде тој.

Во последно време на адреса на Русија често доаѓаат слични изјави кои се однесуваат на различни сфери од меѓународната активност на земјата.

Претходно шефот на Комитетот на началници на штабовите (КНШ) на вооружените сили на САД Мартин Демпси изјави дека Русија се стреми да внесе раскол во редовите на сојузниците на НАТО и да го ограничи влијанието на оваа организација во Источна Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња