Унгарија го класифицираше нуклеарниот договор со Русија како државна тајна

Парламентот на Унгарија го поддржа предлог-законот со кој некои одредби од нуклеарниот договор со Русија се класифицираат како државна тајна, пренесе Асошиејтед Прес.

Парламентот на Унгарија со мнозинство гласови го поддржа предлог-законот со кој некои одредби од договорот со Русија за изградба на два енергетски блока на унгарската атомска централа „Пакш“ се класифицираат како државна тајна за период од 30 години, пренесе Асошиејтед Прес.

Владеачката партија Фидеш истакнува дека ознаката за тајност е потребна заради национална безбедност.

„Само техничките и финансиските детали на договорот ќе бидат класифицирани како тајни за период од 30 години“, се вели во соопштението на партијата. „Тоа се прави во интерес на националната безбедност“.

Од друга страна неколку невладини организации веќе му упатија писмо на премиерот на Унгарија Орбан во кое го повикаа да го ревидира  овој закон.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.