Претседателот на Русија Владимир Путин, зборувајќи на Колегиумот на МВР, им се обрати на претставниците на органите на редот и мирот со барање да ја избават земјата од убиства на политичка основа, пренесува ТАСС.
„Најсериозно внимание треба да им се посвети на „кривичните дела од висок профил“, меѓу другото и политички мотивираните“, рече шефот на државата. Тој истакна дека злосторствата, слични на убиството на опозиционерот Немцов, претставуваат срам и трагедија за Русија.
Освен тоа, претседателот изрази загриженост од растот на бројката на злосторства со екстремистичка позадина. „Екстремистите го трујат општеството со отров на милитантен национализам, нетрпеливост и агресија. До што може да доведе тоа, ние добро знаеме од примерот со соседната земја Украина“ додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.