Првиот човек на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков смета дека Американците „прават пари“ зголемувајќи ја трговската размена со РФ и истовремено терајќи ја Европа да престане да води бизнис со Русија, соопштува РИА „Новости“.
„A како во 2014 година трговијата на САД со Русија порасна за 7%? Ја притискаат ЕУ, а самите прават пари“, ја коментираше ситуацијата Пушков на својот профил на Твитер.
Така тој ја коментираше изјавата на официјалниот претставник на Стеј департментот на САД Мари Харф која од име на Вашингтон одново ги предупреди европските земји да не тргуваат со Русија сѐ до разрешувањето на украинскиот конфликт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче