Москва многупати им има предложено на САД одржување на тематски консултации за извршувањето на Договорот за уништување на ракетите со среден и краток дострел (РСКД) и ја повикува американската страна да не ја политизира темата за извршување на документот, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, одговарајќи на прашањето на ТАСС за изјавата на новиот шеф на Пентагон Ештон Картер. Американскиот министер изјави дека Вашингтон ќе преземе практични мерки доколку РФ го прекрши Договорот за РСКД.
„Во принцип, секој договор внатре во себе предвидува одредба за конкретни дејства како одговор за негово прекршување од која било страна, рече тој. Но самиот факт за прекршување треба да биде утврден не во жарта на полемиката, одговарајќи на прашања на новинари или конгресмени, туку во рамките на оние структури кои се создадени со соодветниот документ. Ние како одговор на прашањата кои ни ги поставуваше американската страна во врска со договорот, предлагавме одржување на тематски консултации под услов, се разбира, покрај вербалното обвинување, американските колеги да покажат некакви факти кои го поткрепуваат нивното тврдење“.
„Нашите американски колеги продолжуваат, на огромно жалење, без поткрепа да ја надувуваат оваа тема во медиумскиот простор, и паралелно со тоа предлагаат да се продолжат консултациите, истакна Лавров. - Ние сме подготвени за тоа. Но прашањето јавно се политизира и се користи за да внесе некаква дополнителна, непотребна, вештачка тензија."
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче