Калашников: САД долго ќе ги злоупотребуваат санкциите против Русија

Америка долго ќе ги злоупотребува санкциите против Русија, додека Европа не е заинтересирана за продолжување на мерките, смета Леонид Калашников, пренесува РИА „Новости“.

Америка долго ќе ги злоупотребува санкциите против Русија, додека Европа не е заинтересирана за продолжување на мерките, смета првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Леонид Калашников, пренесува РИА „Новости“.

Според Калашников, затоплување на односите меѓу Русија и САД не може да се случи не само во текот на оваа година, но и подоцна. „Особено доколку се направи историска ретроспектива како работеше амандманот на Џексон-Веник (амандман на Законот за трговија на САД од 1974, со кој се ограничува трговијата со земји кои ја спречуваат емиграцијата, како и со земји кои ги кршат човековите права – Руска реч на македонски). Советскиот Сојуз повеќе не постоеше, а тој уште важеше“, изјави пратеникот денеска.

Тој додаде дека во денешната ситуација треба да се одвои политичкиот процес, разговорите Минск 1, Минск 2 од санкциите.

„Американците ќе ги злоупотребуваат овие санкции мошне долго. Европејците – овде е поинаква ситуацијата – со нив имаме поголемо заемно влијание во економиите и тие не се заинтересирани за таков долгорочен план. Тие можат да ги ослабат“, рече тој.

Калашников додаде дека „за жал, за нас ништо добро нема да има во врска со ова, но затоа треба да бидеме подготвени за тоа, да навикнеме и да не плачеме ами да се занимаваме со својата економија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња